Фолк пејачот Бобан Рајовиќ доживеа голема загуба – почина неговата мајка Анѓелија, загуба која ја сподели со сите преку социјалните мрежи.
Рајовиќ бил многу приврзан за неа, па оваа тажна вест целосно го скрши.
Последните денови ги помина во Црна Гора каде што живееше, а Бобан до последен момент беше покрај неа.
Зад себе го оставила сопругот, три сина, внуци, а дочекала да добие и правнуци.
– Замина мојата најдобра. Те сакам мајко, не знаев дека вака ќе боли – напиша накратко на Инстаграм.