Преку деноноќно оперативно работење и преглед на камери од граничниот премин Кладово – Турну-Северин, српската полиција дошла до недвосмислен заклучок дека граничниот премин меѓу Романија и Србија го поминале две жени кои изгледаат како оние на видеото снимено во Виена, а на кое се гледа девојче кое наликува на исчезнатата Данка Илиќ (2), тврди Информер.

– Полицијата со преглед на камерите утврдила дека на граничниот премин поминале најмалку два автомобили и дека во нив имало лица кои личат на жените од видеото од Виена.

Дали во едно од тие возила било скриено девојчето за кое се претпоставува дека е исчезнатата Данка Илиќ? Се ќе се утврди, ќе се открие целата вистина за исчезнувањето на Данка Илиќ, пишува Информер.