Страшна сцена е снимена на погреб во Индонезија каде починатиот мавташе од ковчег низ „стаклен прозорец“. Или така изгледаше.

Ужаленото семејство и свештеникот се собраа на гробиштата во градот Манадо во северен Сулавеси на 5 мај за да погребаат маж кој почина.

Додека свештеникот зборуваше, на видеото снимено од еден од учесниците на погребот се гледа како неговата рака се движи кон стаклениот дел од ковчегот и прави да изгледа како човек да мавта.

По објавувањето на снимката, мештаните веднаш помислиле дека човекот во ковчегот е всушност жив и сакал да побегне. Но, тоа не може да се каже со сигурност. По „мавтањето“ никој не го отворил ковчегот.

Сепак, трупот е поверојатно да се „мрда“ поради вкочанетоста и процесот на распаѓање на телото.

Имено, студијата објавена во септември 2019 година, спроведена од научници од австралискиот универзитет Централен Квинсленд во Рокхемптон, покажа дека труп може да го промени држењето на телото без „надворешна помош“, а резултатот од ова истражување е важен за форензичката наука.