Пред еден месец, на 13 јули, Виолета Давиткова од Ерџелија го загуби 31 годишниот син Стојан Давитков. Семејната трагедија Виолета ја фрли во голем очај бидејки до последен момент верувала дека лекарите ќе го спасат, јавува локалната Телевизија Стар.
Виолета е убедена дека доколку Стојан претходно се лечел соодветно тој немало да почине, но за тоа семејството немало пари.
Сега, еден месец по смртта на Стојан, таа и нејзиниот сопруг кој живеат од социјална помош, немаат пари на синот да му подигнат најобичен споменик.
Семејството Давиткови целиот живот го минува низ немаштија и проблеми. Во Ерџелија за нив велат дека се скромни луѓе на кои среќата никогаш не им дошла во куќата. Прилогот на Телевизија Стар можете да го погледнете во продолжение: