Како одговор на Џејк Пол (27) кој влезе во неговиот личен простор, Тајсон упати шлаканица со отворени раце кон лицето на Пол.

Двајцата брзо беа разделени од обезбедувањето додека Пол си играше со толпата, го исмејуваше Тајсон и му се смееше.

Извор близок до Тајсон изјави за ESPN дека Тајсон реагирал на тоа што Пол „намерно“ стапнал на неговата нога за време на мерењето.

Според изворот, на Тајсон му здодеало од однесувањеро на Пол, а стапнувањето на неговата нога било пресвртната точка за Тајсон.