Агим Муслиу, еден од албанските политички активисти од Приштина, објави аудио снимка на која се слуша рускиот јазик, а за која тврди дека е направена во манастирот Бањска.
Мусли пишува дека во манастирот Бањска има и Руси заедно со „српски терористи“. Потсетуваме, маскирани лица со оклопни возила влегоа во дворот на манастирот по престрелката во Бањска во која беше убиен косовски полицаец.
Според последните информации, групата вооружени лица го напуштила манастирот Бањска, соопштија од Рашко-призренската епархија на СПЦ. Вооружените лица, според соопштението на епаријата, кои упаднаа претходно денеска во манастирот, го напуштиле и сега во дворот и пред капијата на манастирот е распоредена косовска полиција.
Слушнете ја аудио снимката:
There are #Russians, together with #Serb terrorists inside Basnjska #Monastery in north of #Kosovo!@NATO @USAmbKosovo pic.twitter.com/LoUdLgt00A
— Agim Musliu (@agim_musliu) September 24, 2023