Италијанската новинарка Паола Ферари стана хит на социјалните мрежи кога се проширија снимки од нејзиното известување од еден од натпреварите на Европското првенство.

Имено, 60-годишната новинарка се чини дека не знаела дека ја снима камера, ги прекрсти нозете и за момент го покажа меѓуножјето, слично на Шерон Стоун во филмот „Сурови страсти“.

Инаку, Ферари работи за италијанската телевизија РАИ и е домаќин на специјалната програма по повод Европското првенство, а откако нејзината снимка стана вирална,таа прокоментира.

“Снимката стана вирална и повеќе се зборува за тоа отколку што се случува на теренот. Се случи, ништо страшно”, рече таа.

Таа исто така коментираше за споредбите со Шерон Стоун.

“Таа е една од најсексапилните жени на светот. Споредбите се малку претерани затоа што Шерон Стоун не носеше долна облека во таа сцена. Повеќе сакам да си го чувам здравјето и да одржувам хигиена”, заклучила таа.