Сирискиот претседател Башар Ал Асад ја напушти земјата откако бунтовниците влегоа во Дамаск, а светот беше шокиран од снимката од претседателската палата и луксузот што бунтовниците го пронајдоа внатре.

Откако претседателот избега од земјата, а луѓето упаднаа во неговата резиденција, видеа и фотографии го обиколија светот. Ќебиња и чаршафи се расфрлани по подот, а на снимката се гледа како едно лице држи портокалова кутија од Луј Витон, додека друго носи торба полна со предмети.

Луѓето позираа за селфи по ходниците, додека друга снимка го покажува бунтовникот како седи на бирото во канцеларија со карти расфрлани околу него.

Исто така, кружи видео, наводно направено во гаражата на Башар Ал Асад, на кое се гледа неговиот луксузен возен парк. Во гаражата биле снимени десетици автомобили, меѓу кои Ферари, Ауди, Мерцедес…