Kумот на рускиот претседател Владимир Путин е заробен во Украина.

Новинар на „Економист“ на Твитер напиша дека претседателот на Украина, Владимир Зеленски, штотуку објавил дека тајните служби го фатиле најдобриот пријател на Путин во Украина, Виктор Медведчук.

„Беше во бегство“, напиша новинарот Оливер Керол.

Во следниот твит тој наведе дека Медведчук, кумот на децата на Путин, е многу контроверзна личност во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук профил објави дека акцијата е успешно спроведена и дека повеќе детали ќе соопштат за подоцна. На фотографијата се гледа дека човекот е со лисици на рацете.