Актерката и победничка на изборот за Мис на убавината, Алехандра Вилафање, почина на 34-годишна возраст по тешка битка со ракот.

Имено, Алехандра почина на 21 октомври откако во мај објави дека започнува со хемотерапија и дека ќе мора да се повлече од светот на актерството на одредено време.

Алехандра, која имаше преку 220 илјади следбеници на Инстаграм, во нејзината родна земја Колумбија, играше во бројни теленовели како „La Nieta Elegida“ и „Always a Witch“.

Во 2014 година победи на натпреварот за Мис Колумбија.

Откако открила малигни тумори на градите и јајниците, веднаш била подложена на третмани кои првично биле успешни, но на крајот сепак морала да се врати во болница.

Откако умре, нејзиниот партнер Раул објави низа нејзини потресни фотографии, со наслов: „Сакам да знаеш. Засекогаш“.