Здружението за заштита на животните од Кавадарци, ЛИНА – СПАСИ Живот, добиј ЖИВОТ, помогни на животните, преку својот фејсбук-профил објави емотивен статус во кој го споделија трагичниот настан во кој животот го загуби Фросина Кулакова, а нејзиното куче Аја беше тешко повредено.
Според информациите, Аја била тешко повредена при трагедијата, но за среќа преживеала.
Аја беше пронајдена под автомобилот на осомничениот убиец, Васил Јованов, кој го паркирал својот автомобил пред зградата на Фросина. Кучето, и покрај сериозните повреди, успеа да преживее благодарение на брзата реакција на локалните активисти и ветеринарите. Здружението изрази благодарност за поддршката и се надева дека случајот ќе добие своја правична разрешница.