Црногорката Амела Калач (24), која по потекло е од градот Рожаје кој се наоѓа во североисточна Црна Гора, исчезнала во Шведска, а според тамошните медиуми постои сомнеж дека била киднапирана.
„Рожаје Слободен печат“ јавува дека шведската полиција веќе два дена трага по Калач, чие исчезнување било пријавено во градот Грасторп.
Семејството на Амела Калач веќе подолго време живее во Шведска.
Според шведските медиуми, нејзиното исчезнување е всушност киднапирање и постои можност Амела да е киднапирана на пат кон нејзината семејна куќа во Грасторп.
Оттаму наведуваат дека едно лице е уапсено поради сомнение дека ја киднапирало Калач.
„Сакаме само да ја најдеме и да ја вратиме дома“, рече сестрата на Амела, Илда.
Последен пат семејството имало контакт со Амела ноќта меѓу 13 и 14 февруари.
Црногорските медиуми известуваат дека Амела работи во старечки домови и дека во неделата била со своите браќа и сестри за да ја посети мајка си во болница.
Полицијата интензивно ја пребарува областа, особено областа Форчал каде мажот, кој сега е во притвор, вели дека последен пат ја видел Амела.
Во потрагата по Амела учествуваат многу жители на градот Грасторп, кој има околу 3.000 жители.
“Ние сме големо семејство кое ја бара веќе неколку дена, но не можеме да ја најдеме. Ова е најлошото нешто што сум го поминала во мојот живот”, вели сестрата Илда.
Во случајот е вклучена и организацијата за потрага по исчезнати лица.
Амела со семејството дошла во Шведска пред седум години, моментално се баратели на азил и дека исполниле многу услови, па на семејството ќе му биде дозволено да остане.