Во моментов затворена за сообраќај е ул. Железничка во Скопје од крстосницата со бул.Водњанска до крстосницата со ул.Антон Попов.

ЦУК информира дека Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека на ул. Железничка во моментов е воведен времен режим на сообраќај и долж улицата не се одвива сообраќај од крстосницата со бул. Водњанска до крстосницата со ул. Антон Попов.

ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.