Сопругата на Стојанче Ангелов директорот на владиниот Центар за управување со кризи открива дека нејзиниот сопруг со денови ниту јадел ниту пиел.

Таа во јавен коментар на Фејсбук го брани сопругот од нападите дека на терен во гаснење пожар не се оди со обилна облека и открива дека со денови немал време за храна и вода поради тоа што таа е загрижена за својот сопруг кој имал и здравствени проблеми.

Сопругата вели дека Ангелов има душа и дека ќе им прости на сите што го напаѓаат.

-Мојот супруг излезе вчера рано наутро во истиве алишта што и сега ги носи, му дадов в раце само една маица со кратки ракави. Ниту се нови овие изветвени панталони и кошула (што планинарење поминал со нив да знаат да кажат), а најмалку се чисти по поминат теренски ден и ноќ на отворено. Инаку со дни ниту спие ниту јаде, вдишува чад и мене тоа ме загрижува затоа што е тежок, 80% воен инвалид, исечен му е белиот дроб, ако сфаќате што значи тоа. Со тастатурно војување не се помага. И запамтете: Овој човек има душа и простува на сите што го напаѓате, џабе арчите букви на тастатурата, напиша сопругата на Ангелов, Јасминка.

Сепак, кратко време откако сопругата на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов се пожали дека нејзиниот сопруг со денови не јаде и не пие демант стигна од социјалните мрежи.

Активисти на Твитер објавуваат денешно фотографии од Ангелов во кафеана во Берово каде што за ручек на спасителите од пожари може да се добие 20 % попуст.

Засега е нејасно дали Стојанче седнал во кафеана откако неговата сопруга објави дека не јаде и не пие со денови или тој не кажува никому дека сепак руча по кафеани.