Денис Бунтиќ, поранешниот хрватски ракометар е ослободен откако ја претепал сопругата и ѝ се заканил дека ќе ја убие. Покрај тоа, полицијата во неговата куќа пронашла и куп оружје – автоматски пушки, пиштоли и муниција.

По распитот, судот во Љубушки го пушти со забрана за доближување до жената. Тоа е судот каде неговата мајка работи со децении. Обвинителот му е кум, а мајката на обвинителот адвокат, објави Слободна Далмација. Адвокатот на Бунтиќ за ТВ „Дневник Нова“ изјави дека нема причина да се држи во притвор.

„Ги затворив очите, реков – што биде, нека биде“

„Сите сме во шок. Да беше некој друг на негово место, ќе останеше во притвор. Има оружје, изврши насилство пред малолетно дете под дејство на дрога и алкохол“, изјави сопругата Клара Бунтиќ за Бљесак.инфо. Таа го раскажа нападот и нагласи дека во еден момент „ги затворила очите и рекла – што биде, нека биде“.

Аудио снимката од нападот Бунтиќ ја сподели со медиумите бидејќи, како што рече, повеќе не сакала да трпи насилство, а досега никој не сакал да ѝ помогне. Таа дури раскажа како пријателите и неговите родители рекле дека нема да сведочат ако го пријави, иако виделе дека ја удира.

“Не ме потценувајте. Немам избор. Ако сите не слушнат како изгледа мојот живот, би можела да останам без него”, изјави Клара за Јутарњи лист.

„Пет години страдам. Ден пред крштевањето на нашето дете го држеше детето во раце и ме удри. Зеде шише минерална вода со која сакаше да ме удри во глава, но кумот застана измеѓу и го спречи. Ми пукна ушното тапанче. Уште пред во собата ме фати за коса и ме тепаше. На паркингот пред куќата повраќав и ми се вртеше, па моите родители инсистираа да одам во Итна помош. Моите пријатели ми рекоа: „Извини, не можеме да сведочиме против него“. И неговите родители исто“, опишува Клара низ што поминувала.

„Тој има 160 килограми, а јас 50. Невозможно е човек да се брани. Во него по алкохолот и дрогата делува злото, тој е непрепознатлив човек“, изјави таа.

„Ако не ме убие, барем ќе имам доказ“

Но, во петокот решила да направи нешто. Откако го ставила детето во кревет, го оставила вклучен мобилниот за снимање глас.

„Мислев, ако не ме убие, барем ќе имам доказ“, додаде таа.

Видеото трае околу девет минути и е многу вознемирувачко. На неа се слуша како го прашува што му направила и го моли да не ја удира. Ја навредува, и се заканува: „Сега ќе те убијам, ќе го убијам Бог во тебе, ќе ти ја испијам крвта“.

На видеото се слуша како ја удира. Кон крајот се слуша како плаче бебето во позадина. После се Клара Бунтиќ успеала да побегне и да повика помош и полиција. Но, по сослушувањето, Бунтиќ е ослободен.