Милена Милатовиќ, сопругата на претседателот на Црна Гора, се најде на удар на твитерџиите затоа што ѝ се отслика брадавицата за време на говорот на приемот во Цетиње по повод Денот на државноста на Црна Гора.

„Иако статистичките податоци ни покажуваат дека положбата на жената денес е во многу аспекти подобра од кога било досега, сите ние многу добро знаеме дека ни претстои уште многу работа. За да поставиме поздрава основа за нашето општество, мора борба за намалување на економското сузбивање на жените, како и за дополнително поголемо вклучување на жените на сите нивоа на одлучување. Никогаш не смееме да престанеме да работиме за поттикнување на уште поголема застапеност на жените во политиката, бизнисот, науката“, рече таа меѓу другото.

Вниманието на критичарите го привлече тоа што во неколку наврати под фустанот беше отсликана брадавицата.

„Ова навистина не ѝ прилега на првата дама“, „Дали се погледна во огледало пред да излезе од дома?“, „Каква елеганција. Покажувањето на брадавицата е баш на ниво“, се дел од негативните коментари на Твитер.

Многумина веруваат дека овие критики се целосно бесмислени и решија да застанат на нејзината страна.

“Милена Милатовиќ е толку убава и нормална жена. Некои ѓубриња овде ја „распнуваат“ секој ден за разни глупости. Сега се на ред брадавиците. Не знам како веќе не се срамат”, е една од реакциите.

Нејзиниот сопруг, претседателот Јаков Милатовиќ, реши да им одговори на душегрижниците.