Армин Зониќ, сопругот на победничката на овогодинешното издание на „Ѕвездите на Гранд“, Шејла Зониќ, зборуваше за навредите и негативните коментари добиени на нејзината сметка, велејќи дека многумина гледаат само омраза.
Шејла беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, што предизвика различни негативни коментари, а по нејзината победа рекоа дека според меѓусебниот договор не сакале да се огласуваат на оваа тема.
– Би ги замолил сите пријатели да престанат да ми испраќаат линкови од социјалните мрежи каде познати и непознати профили нè навредуваат мене и Шејла, ставајќи нè во контекст на војната и минатото, го започна Армин своето обраќање.
Тој нагласи дека Шејла во финалето испеа две босански севдалинки и продолжи:
„Како академски музичар на регионалниот натпревар, таа ја претстави својата земја на многу убав и морален начин, а многу луѓе ја гледаат само омразата што ја имаат во себе и ја исфрлаат преку разни навреди кон Шејла која не беше ни родена кога се случуваа многу работи. Не можам на некого д аму кажам кого да сака или да мрази, но не го правете тоа преку нашите грбови
Тој се осврна и на концертот што претходните години се организираше за победниците на натпреварот во нивните градови и откри дека има шанси тоа да не се случи.
„И да, досега никој од надлежните не не контактирал за концертот на победникот во Тузла, па има шанси тоа да не се случи“.
Занимавајте се со реалните проблеми за барем во иднина животот да ни биде полесен, подобар, посреќен…“, нагласи тој на крајот.
Да потсетиме, Зониќ минатата сабота победи во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи 132.047 гласови од публиката.