Здравствената состојба на пејачот Бојан Томовиќ се влошува. Томовиќ со години се бори со биполарно растројство, тешка психичка болест која го спречува да функционира нормално. Како што самиот признава, неговата состојба оди од тотална еуфорија, поради која не може да спие навечер, до целосна депресија, која го држи во кревет со денови. Според српските медиуми, здравствената состојба на Бојан Томовиќ се влошува.
Според медиумите, пејачот рекол дека повторно се чувствува лошо, и дека во рок од 24 часа повторно ќе се обрати за помош кај лекарите.
Сите веруваат и се надеваат дека Бојан целосно ќе се излечи и ќе се врати на патеките на старата слава, но сепак објавите на пејачот често ги плашат неговите обожаватели. Имено, тој сега објави фотографија за која самиот вели дека ќе стои на неговата посмртница, а на неа има тажни очи.
Освен што се борел со тешката психичка болест поради која неколку пати се обидел да се самоубие, Бојан тешко го поднесува и тоа што семејството се оградило од него во моментот кога тој им признал дека е бисексуалец.
Потсетуваме, пејачот беше во долгогодишен брак, но реши да го напушти за да ја поштеди сопругата од болката низ која поминува сега.
– Свесно се откажав од родителството, вели тој.
На Бојан уште во 2005 година му предвидуваа блескава кариера, откако испеа неколку хитови. За жал, наместо да доживее слава, тој мораше да се повлече поради неговата здравствена состојба.