Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, одговарајќи на прашањето кога и на кој начин е дојдено до сознанија дека осомничените се извршителите на двете грозоморни убиства, пред сѐ истакна дека неоснованите и неаргументирани тврдења за текот на истрагата извршуваат уште еднаш убиство врз жртвите, потенцирајќи дека постапувањата и за двата случаи започнаа од моментот на пријавувањето.

“Во однос на случајот со велешанецот, во однос на пријавата, мора да кажеме дека шпекулации се дека од 22-ри, па дека не се постапувало итн. Значи, пријавувањето на исчезнување на лицето е извршено на 24-ти вечерта и тоа за исчезнување на лице кое што живеело само, кое што фамилијата, семејството го бара и не го наоѓа и пријавува дека исчезнува лицето. Секако дека нема пријава во која што се вели дека е украдено моторно возило итн., туку исчезнато е лицето, а возилото не било тука, па се претпоставува дека лицето заминало со возилото некаде“, објасни Спасовски, посочувајќи дека од тој момент започнуваат и сите постапки во однос на истрагата во Велес, од страна на СВР Велес, а за случајот во Скопје, веднаш после првата пријава на телефонскиот број, се активираат сите механизми во однос на пронаоѓањето на девојчето” вели првиот човек на МВР.