Оклопното возило на полицијата наречено „Гурка“, придружувано од полициските специјални сили во полна борбена опрема, денеска повторно е во „посета“ на Жупанискиот суд во Загреб, каде што е донесен црногорскиот државјанин Кемал Растодер, лице кое Европол го смета за важна личност во т.н. балкански нарко-картел на дилери на кокаин.

Растодер, кој со години живее во Холандија, заврши во хрватскиот затвор врз основа на истрагата на УСКОК што беше покрената против него поради сомневање дека заедно со други осомничени купил тајни информации од информативниот систем на МУП од поранешен полицаец.

На рочиштето на кое денеска беше донесен треба да се одлучува за обвинението за тоа кривично дело.

Инаку, Растодер го бара и Луксембург поради трговија со кокаин, а постапката за негова екстрадиција е во тек во Жупанискиот суд во Велика Горица.