Дваесет и седумгодишна жена од Скадар се обидела да скокне во реката Бојана, заедно со четирите малолетни деца.
Скадарската полиција соопшти дека со брза интервенција на патролата која патролирала на теренот бил спречен сериозен инцидент.
„Веднаш по добиената информација, околу 14 часот и 15 минути, дека жена се обидела да скокне во реката, заедно со нејзините четири деца, интервенирале полициските служби кои патролирале на теренот и ја спречиле 27-годишната жена да скокне во реката, заедно со нејзините четири деца од 7, 5, 3 и 1 година“, се наведува во соопштението.
Жената и нејзините деца се спроведени во просториите на Полициската станица во Скадар.
Истражната група продолжува да работи на расветлување на околностите на случајот.