Цените на суровата нафта на светските берзи растат од крајот на јуни кога се тргуваше по цена од 70 до 75 долари за барел.

Повеќето аналитичари сметаат дека цената ќе надмине 100 долари за барел до крајот на годината, а тоа би можело да ја искомплицира ситуацијата со инфлацијата во ЕУ и во САД. Ова значи дека во Македонија литар дизел се очелува да надмине 100 денари.

Состојбата со дизелот е уште полоша, пишува Index.hr. Згора на тоа, се вели дека има изгледи за недостиг на глобално ниво, а цената на дизелот со месеци расте побрзо од цената на суровата нафта.

Поскапувањето на дизелот не само што ги погодува сопствениците на приватни возила, туку се прелева и во целата економија.

Дополнително, Русија го забрани извозот.

Недостигот од дизел веќе се чувствува во целиот свет, преку поскапувањето на тој вид гориво. На пазарот има недостиг од неколку десетици милиони барели и покрај забавувањето на индустриската активност во Кина и ЕУ.

Всушност, производството сè уште не се вратило на нивоата пред пандемијата.

Русија реши да ја искористи ситуацијата и драстично го намали извозот на таа енергија. Иако ова првенствено се однесува на кинескиот пазар, бидејќи САД и ЕУ воведоа санкции кон Русија, дефицитот поради послабиот увоз од Русија мора да се компензира со увоз од други делови на светот.

Инаку, Кина е голем увозник на сурова нафта од Русија, но и на нафтени деривати како што е дизелот. Извозот на Русија во првите 20 дена од септември е за 30 отсто помал во однос на истиот број денови во август.

Истовремено, Кремљ во четвртокот отворено објави дека воведува рестрикции за извозот на дизелот, со цел да се стабилизираат цените на горивата на домашниот пазар. Најавено е дека оваа забрана ќе биде привремена, но не се знае кога ќе биде укината.

Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан се изземени од оваа забрана, но не и Кина.

Цените на дизелот и другите деривати на сурова нафта растат и поради намалувањето на производството на сурова нафта што го спроведуваат Саудиска Арабија и земјите од ОПЕК, меѓународната организација на земјите извознички на нафта.

Дополнителна причина е недостатокот на рафинерски капацитет во светот, проблем што постои уште од пандемијата.

Оттогаш, официјално, дизелот повеќе не се увезува од Русија, туку е заменет со увоз од Блискиот Исток и САД.

Во суштина, САД извезуваат во просек по 200.000 барели дизел дневно од мај оваа година, а производството во самите САД е за 200.000 барели помалку од 2019 година. Ова е алармантна ситуација, која сè уште не станала проблем, единствено поради помалата потрошувачка на дизел во ЕУ во 2023 година

Инаку, целата ситуација во ЕУ беше отежната со затворањето на најголемата рафинерија во Ротердам. Во сопственост на Шел, таа обработува повеќе од 400.000 барели сурова нафта дневно.