Откако на социјалните мрежи масовно се бараше протест за правда на убиените Вања и Панче, сепак сликата на терен е сосема поинаква. Само неколку граѓани дојдоа на организираниот протест, и сите беа револтирани.

„Требаше да се собереме повеќе, тоа девојче заслужува правда. Требаше да бидеме во поголем број, ова е да дадеме лекција дека треба да се собираме повеќе народ, да оставиме впечаток дека сме погласни и да не ни се случуваат веќе вакви работи. За ова дело да се донесе најстрога казна, да се смени во законот нешто, да не остане неказнето“, вели граѓанка.

Според нив, толку малку народ за толку големо злосторство е невидена работа.

„Толку малку народ за толку големо злосторство е невидена работа во ова општество. Сакам да упатам порака до народот дека доколку не реагираме, ќе ни се повторат вакви случаи и ќе бидат поголеми“, вели друг граѓанин.