Епизодата на квизот „Ја сакам Србија“ на државната РТС долго ќе се памети и прераскажува, поради еден збор што го кажа водителката Драгана Косјерина.

Имено, таа на еден натпреварувач му го прочита прашањето во вид на поставена квиз загатка која треба да ја одгонетне, а која гласи: „Во петици нишани, во носот те гаѓа“, што е тоа?Потоа натпреварувачот збунет ја замолил повторно да го прочита прашањето, односно загатката, што водителката тоа и го направи.

Натпреварувачот размислува неколку секунди и потоа ќе одговори: бибер… Па брзо потоа ќе го преиначи одговорот во кромид, но и тоа не е точниот одговор.

Водителката потоа промрморе „низ заби“ дека се надева дека тој ќе го каже точниот одговор, а откако ќе истече времето, Драгана Косјерина го кажуваа решението на загатката кое гласи, верувале или не: Прдеж!

Одговор на квиз загатката на државната РТС, заради која се смееше цела држава.