На 28.07.2023 во 07.00 часот во близина на Граничен премин Богородица од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода М.К.(30) од Р.Србија поради тоа што при извршена контрола на патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со српски национални ознаки кое го управувал констатирано било дека српската лична карта, швајцарската возачка дозвола и швајцарската дозвола за престој кои биле на име Л.Н.(31), а кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Исто така, утврдено е дека постојат основи на сомнение дека тој бил соучесник и во сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ на 12.10.2022 и по насоки на ОЈО -ГОКК Скопје поднесена е кривична пријава, а од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија одредена му е мерка притвор.