Црна Гора на прагот на новата туристичка сезона повторно се издвојува меѓу омилените дестинации на туристите од регионот, а една од причините за тоа е близината до Јадранското Море Од Улцињ до Херцег Нови се протегаат голем број прекрасни плажи, а сите можете да ги посетите за само неколку часа со сопствен превоз.

Милош Јововиќ, директор на туристичката агенција „Травелланд“ вели дека по Грција, омилена му е и Црна Гора.

– Би ја издвоил Словенска плажа, поради одличниот сооднос цена-квалитет – вели Јововиќ, чија агенција има хит понуда за Црна Гора, веќе по цена од 129 евра во Херцег Нови, со сопствен превоз, хотелско сместување со четири ѕвезди. Предложените цени зависат од датумот и бројот на ноќевања за all inclusive услугата, а во цената е вклучен и хотелскиот попуст, додека дополнителен попуст се добива за престој од 15 дена или повеќе.

ГРАТИС ДЕТЕ ВО ЦРНА ГОРА

Специјалната понуда за плажата Словенска започнува од 93 евра, а едно дете може да претстојува бесшлатно во периодите до 14 јули и од 15 септември. Според Левента Хомоља, туристичка работничка од Суботица, дефинитивно треба да го посетите Котор, стариот град, во Црна Гора.

– Доколку некој е во Црна Гора на одмор, без разлика во кој град летува, треба да го посети Котор и да ја посети црквата во Стариот град. Ѕидовите на градската тврдина се исклучителни и посебно искуство е да се посетат куќи стари повеќе од 300 години. Пераст не е далеку, а ме фасцинираше и Никшиќ, кој зрачи со стари улици и историја – вели Левенте Хомоља.

Добри води е една од понудите на туристичките агенции за Црна Гора. Станува збор за студио апартмани, со песочна плажа која спаѓа во прва категорија. На плажата Велики Песак има голем број ресторани, кафетерии, слаткарници, ноќни клубови и мини маркети. Цената е од 37 евра за ден.

За младите кои летуваат во Црна Гора, загарантирано е убаво време во неколку од најдобрите и најпознатите дискотеки во регионот, во Будва, Котор, како и „Sea Dance Festival“, црногорскиот „Exit“.

Будва, Котор и Херцег Нови се центри за забава и настани, а за активен одмор најдобро е да се оди во Улцињ, бидејќи широките, долги плажи и силниот ветер се погодни за сурфање во тој дел од црногорското приморје. Во просек цените на сместувањето во Улцињ во шпицот на сезоната за апартманско сместување се од 8 до 12 евра дневно, но можат да достигнат и до 25 евра.

Тиват се препорачува за семејни и мирни летувања, додека Ада Бојана е рај за нудисти. Во Которскиот залив има и крстарења кои чинат околу 45 евра за цел ден кога се во прашање групите.

За оние кои сакаат луксуз се препорачуваат Порто Монтенегро и Свети Стефан. Цените се неспоредливо повисоки во однос на другите црногорски туристички центри.

На места со пристапни цени појадок може да се најде за три евра, ручек од пет, вечера од 10 евра. Водата е едно евро, кафето 2,5 евра, пивото 1 евро, минералната вода 1,30.