Семејството и пријателите на загинатата Анѓела Ѓ. (17) со шокантни пораки на социјалните мрежи се простија од настраданата ученичка од Ивањица.
Да потсетиме, Ангела Ѓ. настрада во сообраќајна несреќа ноќта меѓу саботата и неделата додека се враќаше од ноќен провод, а денеска ќе биде погребана на семејните гробишта во местото Лука во српската општина Бор.
– Недела е, дојдов, куќата е полна, а тебе те нема. Не ми кажа сè. Ангеле, патувај во рајот. Ќе те сакам засекогаш – напишала нејзината пријателка Невена Ј.
Истата девојка објави и фотографија со Анѓела и нивната последна преписка на која загинатата девојка пишува дека има многу вести и дека едвај чека да се сретнат бидејќи три дена нема настава.
Несреќата се случила кога автомобил со шест млади лица од Ивањица се превртел во Јеремиќи по 4 часот наутро.
-Зад воланот била 20-годишна девојка која пријател ја пуштил да го вози неговиот автомобил затоа што тој испил повеќе. Девојката немала положено возачки испит. Автомобилот изгубил контрола најверојатно поради неприлагодена брзина на условите на патот и се превртел во провалија – вели извор од истрагата.
– Девојче, не ни зачекори во животот, а веќе не напушти. Донесе толку многу насмевки и радости во животите на сите нас што ќе те паметиме засекогаш и ќе зборуваме ангелот на Љуба и Југо. Трагедијата сите не остави без зборови со вечна тага во нашите срца и души. Почивај во мир дете – напиша пријател на семејството на социјалните мрежи.