По тешка борба со карцином, утрово почина малата Ивана Бјелогрлиќ, девојчето од Србија кое јавноста го запозна како Ица Лавица и за кое се собираа донации во целиот регион.

Нејзината борба со тешката болест траеше од септември 2018 година кога ѝ беше дијагностициран рак на бубрегот кој подоцна се прошири на црниот дроб и на дел од белите дробови.

„Со огромна тага и болка ве информираме дека нашата малечка лавица утрово замина во подобар свет, свет во кој нема повеќе болка, страдање, ниту солзи. Отиде кај ангелите каде што и припаѓа“, пишува во објавата на фејсбук-страницата „Да ѝ помогнеме на Ивана“.

Ивана се лекуваше во Бања Лука, а потоа и во Париз. За жал, болеста ѝ се врати, па замина на повеќемесечно лекување во Турција.