Албанскиот фудбалер Илвер Рамадани, репрезентативец на таа земја, пласманот на Албанија на Европското првенство го прослави носејќи дуксер со ликот на „озлогласениот албански терорист Адем Јашари“, пишуваат вечерва белградските медиуми.

Да потсетиме, фудбалската репрезентација на Албанија се пласираше на Европското првенство, откако одигра нерешено против Молдавија 1:1.

Албанците со ова реми обезбедија една од првите две позиции во групата Е, па следната година по вторпат ќе учествуваат на континенталниот шампионат во Германија.

Голот за водство на Албанија го постигна Сокол Цикалеши во 25. минута од пенал, а Владислав Бабогло во 88. минута донесе реми за Молдавија.