Силното невреме кое денеска ја зафати Хрватска стигна и до Србија. Променливото време пропратено со врнежи и бурни ветрови најпрвин ги погоди Бачка Паланка, Батровци, Рума и Нови Сад, а сега пристигна и во Белград.
– Страшно невреме го зафати Белград, шокантни сцени доаѓаат од улиците на главниот град на Србија. Автомобилите се заглавени во вода, еден градски автобус почна да добива вода, објавуваат српските медиуми.