Српскиот политичар Срѓан Ного, како што анјави за денеска во 16 часот, пред пред малку објави снимка на својот Јутјуб канал на која се тврди дека „таткото на Вања го решил случајот, а не полицијата“.
– Снимка од разговорот на таткото на Вања Ѓорчевска, Александар, која покажува дека тој лично, а не полицијата, ја открил поврзаноста и го решил случајот со исчезнувањето на Панче Жежовски и неговата ќерка Вања Ѓорчевска и им ги предал доказите поради што е неправедно осомничен, уапсен и медиумски сатанизиран, се вели во снимката.
– Ќе објавиме и многу други информации скриени од јавноста, вели Ного во објавената снимка.
Потоа следува и тонско парче во кое се слуша објаснување во кое се зборува за некакви коли кои застануваат на бензиска пумпа, па се враќаат наназад.
– Се престројува зад ова ‘берлинго’. Ова е зад ‘Папилон’, карши Буњаковец, кажува гласот во видеото.
Во интерес на јавноста ги пренесуваме овие снимки, но предупредуваме истите да се земат со резерва, бидејќи она што го прави Ного наликува на своевиден циркус за внимание и гледаност на неговите канали. Останува нејасно како овие снимки протекле од Македонија и завршиле кај него.
Срѓан Ного е член на десничарската партија Двери. И тој има многу јасни проруски ставови кои ги изразува на социјалните мрежи и исто така е поддржувач на Ратко Младиќ. Ного најави објава на нови фотографии и снимки. Од Обвинителството за медиумите велат сите докази се обезбедени во делот на движењето на осомничените. И заради ова не постои опасност за компромитација на истрагата со објава на исте овие снимки. Кривичниот суд им го продолжи притворот за нови 30 дена на петмината осомничени заубистовото на Вања и Панчо, меѓу кои и таткото на Вања. Првоосомниченот Љупчо Палевски се уште е во Турција каде што е продолжен екстрадициониот затвор.