Нова трага во истрагата за исчезнатата Данка Илиќ се појавила утрово во три и пол часот по полноќ, кога полицијата добила информација дека девојчето е видено во Виена во придружба на две жени романски државјани. Српските медиуми објавија и снимка од девојче за која се сомничи дека е исчезнатата Данка Илиќ.
Девојчето кое личи на исчезнатата Данка Илиќ е снимена во Виена во придружба на две жени. Интензивно се работи на идентификација и лоцирање.
Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото.
Колку и да звучат неверојатно некои информации, полицијата е должна да ги провери бидејќи ниту една трага, колку и да е чудна, не може да се игнорира.