Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Краљево-Рашка кога се судриле патнички автомобил и возило на војската на Србија.

Во оваа трагична несреќа животот го загуби петчлено семејство, меѓу кои и Даниел Л. од Нови Пазар, неговите деца и нивнa сосетка.

Сопругата на Даниела Л., Мирјана, е единствената преживеана и моментално се бори за живот.

Според неофицијални информации, Даниел Л., кој управувал автомобил „форд“, бил вработен во касарната во Рашка, но е роден и израснат во Нови Пазар .

Тој и неговата сопруга Мирјана, исто така родена во Нови Пазар, се преселиле во Рашка пред неколку години кога Даниел се вработил во војската на Србија.