Крвните садови во половиот орган се шират во топлината, како што се шират за време на сексуалната возбуда. Некои го нарекуваат овој феномен „летен пенис“, но влегувањето во ладното море го чини спротивно.
– Високите температури придонесуваат за проширување на крвните садови и со тоа и на ширењето на самиот пенис. Постои добра причина зошто паровите одат во потоплите региони на нивниот меден месец, а не во Северниот пол. Но, тоа е привремена реакција – објасни американскиот уролог Др. Дадли Даноф, автор на ‘The Ultimate Guide to Male Sexual Health’.
– За да се избегне забуна, пенисот не расте во текот на летото, туку само крвните садови во него малку се прошируваат, затоа што така телото се бори со топлината. И тоа нема да придонесе за подобри перформанси во кревет, затоа што кога станува збор за ерекција, сексуалниот орган потоа се протега до максимум – објаснува британската докторка Др. Сара Џервис.
Таа додаде дека крвните садови се шират во топлината, какошто се шират за време на сексуалната возбуда, само во помал однос. Покрај тоа, може да изгледа малку розов во топлината поради дополнителната крв на неговата површина. Од друга страна, влегувањето во морето ќе го намали пенисот, особено кога водата е многу ладна, но многу брзо на сонце се враќа во нормала.
Ниската температура може привремено да го скрати на 50 проценти, додека неговиот волумен може да се намали за 30 проценти, во зависност од тоа колку е ладна водата, тврдат уролозите.