Естрадата не е интересна ако на неа нема и трачеви, озборувања, сплетки, прозивки, местенки, кавги… неретко проследени со грди зборови. Некои освен како место за забава и промоција на сопственото творештво, естрадата се’ почесто ја доживуваат и како поле за натпревар на суетите.

Така, нова естрадна војна отворија две познати лица. Едниот пејач, познат под својот естраден прекар Џокер и сопруг на популарната пејачка Антониа Гиговска, другиот јутјубер, кој со своите поткасти наголемо го освои Јутјуб просторот, мултиплицирајќи ја својата популарност. Роберт Спасенцовски и Стефан Лазаров „се запукаа“ преку социјалните мрежи. Џокер со потсмев го прозва во еден поткаст, а Лазаров му возврати, па му се изнаруга и закани на својот Инстаграм!

Имено, Џокер при своето „автомобилско“ гостување во т.н. realcarcast на Бомбакис во еден момент го цитираше актерот Сашо Тасевски, па со потсмев апострофираше два лика, во кои Лазаров се препознал себе си и Боки 13-ка.