Блискиот пријател на Зоки Фаци, Стефан Лазаров, објави шокантни информации на фејсбук, дека некој го откопал гробот на починатиот Зоран Василевски.
„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!
Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…“, објави тој.