Оваа објава мора многу сериозно да се сфати од сите институции. Ова утро за малку беше избегната уште една трагедија! Следново што ќе го прочитате е уште еден показател дека живееме со монструми, а систем да не заштити нема, пишува Стефан Лазаров.
-Ова утро за малку не беа запалени куќата на Зоки Фаци во Катланово и станот во Ново Лисиче во кој сега откако Зоки почина живеат неговите внуци и сестра. Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел спрат! Е сега се ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од ТАТКОТО на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира , им упатува закани по живот, е хроничен алкохоличар, пријавуван 100 пати до сега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие, пишува Лазаров.
Лазаров посочува дека ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат , таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово.
-Човекот е уапсен, вечерва во 21:00 е пред судија. Ги повекувам сите медиуми да извршат притисок за човекот да оди во затвор. Семејството на Зоки живее со месеци во страв и агонија. Човекот е неколку пати и пријавуван за семејно насилство, вели Лазаров.