Уште сега можам да ви најавам дека во понеделник ќе го гледате најлудиот подкаст или емисија која некогаш е направена во Македонија и ќе ја чуете најлудата приказна, објави вечеррва на социјалните мрежи познатиот јутјубер Стефан Лазаров.
– Човекот којшто моментално живее со срце од друг човек, ќе раскажува како успеал толку да си го разболи срцето во текот на својот живот, какви дешавки поминал, ќе се збори за криминал, ќе се збори за ноќен живот во Белград, ќе се спомнат многу имиња кои што се интересни за јавноста, ќе се збори за наркотици, ќе се збори за работи за кои што навистина досега не се зборело јавно. Сведоштва конкретни, исто така за познанства со многу моќни луѓе, така што понеделник спремајте се, ве очекуваат повеќе часа сериозен и интересен муабет, рече Лазаров.
Утре ви го најавувам човекот со име и презиме, додаде Лазаров, со слика и конкретна тема… „тоа што ќе го слушате е навистина лудо“, заклучи тој.