Јутјуберот Стефан Лазаров попладнево на социјалните мрежи соопшти дека за жал ситуацијата со Зоки е влошена и дека новите резултати покажуваат дека туморот е поголем од 30cm и метастазирал на коски… Во Продолжение во целост ги пренесуваме неговиот пост:
Сакам јавно да се заблагодарам на ECrowd.mk и Nenad Lazarov за несебичната помош и брзата реакција во случајот со Зоки за да ни помогнат. Исто така професионално ја исплатија сумата која беше собрана веднаш, а истата е од огромна помош благодарение на вас!
За жал ситуацијата со Зоки е влошена и овие 3-4 дена се потрошија и повеќе пари во Турција од тоа што очекувавме. Операцијата сеуште не е направена бидејќи новите резултати покажуваат дека туморот е поголем од 30cm и метастазирал на коски…
Но, докторите велат дека ќе се спаси и Зочко мора да биде силен… Да се молиме за него и да го поддржиме во најтешките моменти🙏