Вонредна состојба е прогласена во две окрузи во Лос Анџелес, а највисоко ниво на предупредување е издадено поради екстремна опасност од пожар.
Најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес, меѓу Санта Моника и Малибу, изгореа , соопштија властите, откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови што следеа по долгата суша.
Загуби од речиси 10 милијарди долари
Гигантот од Волстрит, JP Morgan, рече дека прелиминарните проценки покажуваат дека осигурените загуби од овие пожари би можеле да се приближат до 10 милијарди долари – околу 8 милијарди фунти.
Компанијата за финансиски услуги рече дека вкупните загуби во индустријата се очекуваат да бидат високи.
Првите жртви од пожарот
„Две лица загинаа, а повеќе луѓе се повредени во пожар во Итон во близина на градот Пасадена“, изјави началникот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес на прес-конференција во средата.
Video of the moment my friend and I abandoned his house after we tried to save what we could. Please be praying for him and his family @orlylistens
Location: North of Rustic Canyon#cawx #PalisadesFire #fire #California pic.twitter.com/fie6Ywkmz3
— Tanner Charles 🌪 (@TannerCharlesMN) January 8, 2025
Пожарот сега е речиси двојно зголемен од последното ажурирање, покривајќи 2.227 хектари.
Еден пожар изгаснат, еден се разгоре
Петти пожар избувна во областа на Лос Анџелес, соопштија пожарникарите.
Во меѓувреме, пожарот во округот Риверсајд е локализиран, па сега има четири активни пожари.
Градот Малибу ги повика жителите да се подготват за евакуација
Градот Малибу ги повика сите жители да се подготват да ги евакуираат своите домови откако шумските пожари во и околу Лос Анџелес се шират во изминатиот час.
– Градот допрва треба да издаде налог за задолжителна евакуација, но ги повикува жителите да бидат подготвени – објавија градските власти на платформата Х.
This is Malibu on the PCH. A hellscape. So many homes are on fire it’s unusual to see a home that is not. pic.twitter.com/zWwlnvq0lX
— Jonathan Vigliotti 🐋 (@JonVigliotti) January 8, 2025