Откако вчера информираше дека сите пожари на територијата на Македонија се изгаснати, како и дека дождот го намали ризикот од избувнување на нови поголеми жаришта, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов објави дека е на заслужен одмор.

„Под Олимп. Благодарение на синоќешниот дожд, со семејството тркнав до море, на ден или два, малку јужно од горе, назад сум за миг, ако почне да гори“, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.