Исчезнатиот планинар и пензионер од Велес, Стојче Пецевски е пронајден мртов. Оваа информација пред малку ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
– За жал лицето е пронајдено починато. Немаме информации за причините на смртта. Потрагата официјално ја водеше МВР, а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели, објави Ангелов пред неколку минути.
Утрово, додава Ангелов, немаше услови за хеликоптерска претрага, откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР.
Loading...