Столе Димтириевски веќе го има договорено трансферот за летниот преоден рок, па македонскиот репрезетнативец од следната сезона ќе ја чува мрежата на Валенсија.
Ова го тврди реномираниот шпански весник „АС“, најавувајќи дека веќе е потпишан и преддоговор меѓу Валенсија и Димитриевски, кој ќе резултира со официјален трансфер по истекот на неговиот договор со Рајо Валјекано на 30 јуни 2024 година.
Македонецот неодамна изјави дека преговара за нов договор со Рајо Валјекано, но Валенсија уште пред извесно време покажа сериозен интерес да го доведе Столе на „Месталја“, испраќајќи понуда за неговите услуги.
Овој клуб планира летово да го продаде Грузиецот Мамардашвили за најмалку 30 милиони евра, по што на негово место би пристигнал Димитриевски без никаква отштета, со што би се покрил „минусот“ на сметката на Валенсија.
Останува да се види дали информациите на „Ас“ ќе се покажат како точни и Димитриевски ќе се пресели на голот на повеќекратниот шпански шампион, ако се знае дека покрај Рајо тој има понуди и од екипите на Севилја и Вилјареал.