Стопанска банка преку порака на Вибер ги информира своите клиенти и воедно јавноста за зачестени измами поврзани со наводни инвестиции во криптовалути, како што се Bitcoin и други.
Според информациите кои банката ги добила од Министерството за внатрешни работи и интернет порталите, измамниците ги насочуваат граѓаните да вршат трансфери на средства кон сметки кои тие ги посочуваат.
Од Банката апелираат до клиентите да бидат исклучително внимателни при користење на дигиталните банкарски услуги и да следат неколку важни препораки:
Избегнувајте инсталирање на непознат софтвер од трети лица на уредите што ги користите за пристап до дигиталното банкарство.
Преноси на средства преку дигитално банкарство правете исклучиво кон сметки кои ви се познати и за кои знаете на кого гласат.
Ако некогаш сте биле жртва на измама, има голема веројатност измамниците повторно да се обидат да ве контактираат, претставувајќи се како адвокати или лица кои ќе ви помогнат да ги вратите средствата. Во такви случаи, може да побараат дополнителни финансиски средства.
„Бидете внимателни и заштитете ги вашите средства,“ апелираат од Стопанска банка, нагласувајќи дека сигурноста на клиентите е нивен приоритет.