Секој што ќе ја дознае несреќната судбина на мајка Перуника Јовановска од Кичево да може, би и дал парче од својата душа, само таа да успее да ја надмине болката што ја чувствува по загубата на двете свои чеда. Во една година таа изгуби и ќерка и син.
Набрзо по извршувањето една година од смртта на нејзината прерано починатата ќерка, утрото на 26 ноември, таа не ни претпоставувала дека нејзиниот 34-годишен син Марјан наместо да стане, да ги однесе децата на училиште и оди на работа, ќе замине на патување од кое никогаш повеќе не ќе се врати.
-Ми ја изгоре душата, жива сум, како да не сум. Зарем јас тебаше него да го закопам или тој мене?-прашува Перуника, која го изгуби својот син ненадејно на само 34 годишна возраст. Ми остави пет мали деца кои требаше тој да си ги гледа- додава таа.
Ова семејство до септември годинава живееше во кичевското село Лешница во стара куќа која можеби нема да ја дочека престојната пролет. Се прехрануваше од макотрпната работа на Марјан со берење печурки, мов и костени, во која ги ангажираше и своите пет малолетни дечиња за помош. Иако толку мали, тие беа среќни што можат да му помогнат на својот татко во намерата да им обезбеди храна за престојниот ден. Бидејќи поголемите деца немаа можност да се образуваат во селото, тој собра сила и изнајми спрат од куќа во градот само да им обезбеди подобар живот на најмилите.
-Се трудеше работеше, одеше во шума со децата по печурки, смрека, костени, мов. Ги носеше и малите сонего да му помогнат. Тие сакаа да одат со него. Беа среќни ако му помогнеа да собере повеќе за да им купи храна и облека. Дојдовме во градот во септември. Сакавме да им биде полесно на децата за на училиште зашто од село нема автобус и многу се мачеа. Дојдовме под криија. Плаќаме по 5000 денари месечно. Ама тука не им е сигурно. Утре газдата може да ни рече одете си, сакам да ја продавам куќата. Каде да одам со овие пет деца, кажете ми, каде- се прашува мајка Перуника. Ќе се борам за нив до последна капка крв, ама треба сега им се помогне за да може да имаат свој дом. Со парите што ги даваме за кирија ќе им купам храна и облека-додава низ солзи таа.
Утрото кога тој замина во вечноста, замина и надежта која неговите пет мали ангелчиња ја гледаа само во неговите очи. Зашто тој повеќе од три години беше самохран родител и им беше и татко и мајка на своите чеда, зашто мајката еден ден самоволно ги напуштила.
Сега Дарко, Давид, Ивона, Тамара и Блаже освен што немаат дом, го немаат ниту најмилото. Родителот кој им беше се’ во животот. Ги имаат само баба Перуника и тета Марија-близначка сестра на нивниот татко, која иако и самата има тежок живот ќе рече: „Не се откажувам од нив и до последна капка крв ќе се грижам за нив како старател„.
-Сабајлето во 6 часот ми зазвоне телефонот и гледам пишува Марјан. Миселв дека е грешка и исклучив. Пак ми зазвоне и од таму го слушам гласот на другиот брат, ми вели, Марјан починал. Веднаш се стрчав кај нив и што да видам, вистина. Тој здрвен, починал во спиење. А, децата тука во кујната плачат пискаат. Многу е болно и тажно. Остави пет деца. Нивната мајка не се јавила три години да праша како се. Го остави најмалото од три месеци на брат ми сам да го чува.Ама, ако, иако јас живеам во мал социјален стан од 36 м2 сепак ќе се борам за нив за да ги одгледам и исчувам. Ги сакам како свои деца –вели Маријана, сестра близначка на починатиот Маријан.
За таа цел на овие пет мали ангелчиња им недостасува само едно нешто. Живеалиште, сопствен дом! Зашто од местото каде сега престојуваат може да бидат исселени во секој миг. Затоа, на овие пет дечиња им треба помош од државата. Им треба стан каде ќе можат безгрижно да растат и да ги кријат своите скромни спомени, кои ги носат во себе за татка си.
Доколку сакате да им помогнете на овие пет мали дечиња тоа може да го направите на телефоснкиот број на нивната тетка Маријана 070379562 или на нејзината трансакциска сметка 250-0320001238-62