Некогаш силна, моќна и самоуверена жена, денес самохрана мајка на едно тригодишно девојче. Лејла Бакал, денес е на улица со својата ќерка и се моли за помош, да најде работа и да може да живее некаде под кирија. Лејла со потекло од Велес, турбулентниот живот исполнет со измами и лаги ја однел до Турција, но сега повторно назад до родната Македонија. Сега таа е сама и нашата помош ѝ е попотребна од било кога, се вели во сторијата објавена од СРЦЕ НА ДЛАНКА.
Што ви се случи во животот за да пропаднете волку?
– 2014 година заминав за Турција, таму бев многу успешна, работев, имав свое работно место, куќа, кола, се. Од Велес заминувам за Турција. Тау бев успешна, работна жена, но откако го запознав таткото на девојчето се ми се преврте наопаку и пропаднав и се лошо ми се случи.
Што конретно ви се случи?
– Се изгубив, работно место, кола, куќа, долгови затворајќи. Во тој момент останав трудна, корона беше, ризична бременост имав. Него го земаа во затвор, по право човекот имал 15 досиеја, јас не ум имала појма, откако дознав, јас се тргнав од него, избегав и со девојчето гледав само да опстанам во животот.
А како опстојувавте, сигурно ви беше многу тешко, самохрана мајка во туѓа земја?
– Многу тешко ни беше, со помош на комшиите, на околината, ни носае јадење, памперс, млеко. Од еден на друг се кажуваше дека имам потреба од помош, дека сум самохрана мајка, со девојчето не можам да работам, бидејќи во Турција од 3 години примаат во градинка.
Сепак вие се обидовте да се вработите, што се случи?
– Ја оставив на друга жена за да ми ја чува малата, ама не можев да ја добијам додека сум на работа, а само еднаш- двапати имав право на телефон да се јавувам. После каде што работев газдата почна да онадува, да прави проблеми и ми рече не може вака, треба да си ги решиш проблемите со малата, со твојот живот, ќе не можеш ни да работиш со нив. Значи главата не ти е мирна, срцето не ти е мирно, се си во под стрес, значи додека не се средиш самата нема да можеш ни да работиш.
Тој немир ве враќа назад во Велес, но и тука се мачите?
– Тука повеќе. До минатата недела бевме под кирија и тоа со помош на сестрите мои и на околината собраа донација за нас, за под кирија да влеземе. Сега не можам да најдам работа, документациите не ми се готови, за развод-брак, здравствени книшки немаме, не можам градинка да ја пишам без здравство, матичен лекар бараат.
-Јас за неа се претрпев многу. И гладна останав и на улица ама не ја оставам, нема шанси.
– Не знам како да опишам. Еден памперс сум ѝ го ставала три дена, мала додека беше. Не знам, го чистев, нон- стоп го ставав. Не знам како се опишува тоа.
Прашана за таткото на девојчето, Лејла вели:
-Не знам ни дали е излезен, верувајте ми јас и дека толку не прашувам, бидејќи многу душата ми ја изгоре. Со неговите лаги, мене ме стави на дно. Се изгубив. Во тој период си имав сој стан со кредит земено, самата го исплаќав, работев, имав и кола и се. Толку јака жена што бев, сега си викам толку не сум силна, не сум јака, дека не можам ништо. На дното ме донесе, за нејзе животот би го дала. Јас мислам поради нејзе се разболев, бидејќи немам услови ништо да ѝ пружам, ни што сака, ни да и подадам, немам. Од таму-таму ја носам како торба, тешко ми е многу. Година ипол се се мачам, се се борам. Каде можам да опстанам, таму гледам да се задржам, да остане на едно место. Мислам дека и нејзината психа не е во ред. Нема ред, нема куќа, нема услови за жиот. Некогаш приметувам, внучињата мои кога го гушкаат татко им, таа со милни очи го гледа….
– Јас дојдов до таков момент што сакав и самоубиство да вршам. Не можам да издржам, не можам, немам мир. Се чувствувам како вишок секаде, само не знам каде да се задржам. Барем една гранка да се фатам и да опстанам. Значи ми треба само за да опстанам, не ми треба ништо повеќе…
Емисијата СРЦЕ НА ДЛАНКА ќе биде прикажана денес од 14:45 часот на Телевизија АЛФА.