Игор Младеновски е 42 годишен човек роден и израснат во кривопаланечкото село Мартинце. Живеел сиромашен селски живот и како дете, а кога пред 15 години одлучил да се ожени со девојка од истото село, не ни помислувал дека еден ден животот со семејството во амбарот ќе му го поремети веста дека сопругата ги остава малите дечиња сами среде ноќ и дека никогаш повеќе нема да се врати.
Игор работи од утро до мрак за да донесе леб за децата, а Марија иако многу млада и се уште со детски соништа ја игра улогата на мајка и на сестра. Зашто на неа останува обврската да ги облече, избања, нахрни и учи со своите братчиња.
– Тешко ми е, сама ги чувам сите. Таа, (мајка им) вечерта околу 10:30, 11 часот си отиде, не остави нас сами дома. Татко ми дојде во 12 часот, ја праша, заминала за Скопје рече и толку, вели Марија и за братчињата додава:
– Ако јас не ги чувам, нема кој да ги чува. Ако не, рекоа ќе ги дадат во дом. Од социјалното дојдоа и рекоа дека ќе ги однесат во дом, вели таа низ солзи.
Секоја исекотина и лузна од прстите на Игор, ја раскажуваат приказната за неговиот тежок работнички живот по шумите и рудникот Тораница каде заработува за децата.
– Мораме да се бориме за живот, да може да опстанеме. Одам по работа, приватно кога имам слободно време, вели таткото.
Сам носел камења и направил две соби за нив за да ги пренесе од амбарот во нормален дом, но неговата сила не е доволна. Најтешко за сите, посебно за децата е за да стигнат до градот мораат да печашат еден час низ страшна шума со диви животни, која едвај се поминува и со автомобил.
Децата за жал на училиште одат мокри, често гладни. Соучениците мислат дека се скржави, а не дека татко им нема услови да им купи ниту молив, ниту гума. Дома сите спијат на еден кревет во претесната соба. Никој од другарчињата не сака да ги посети зашто се сиромашни, па овие мали души едноставно ќе речат:
„Најсреќни ќе бидеме да се преселиме поблиску до градот и д аимаме свои соби каде нема да се срамиме од другарчињата“.
Целата сторија на „Срце на дланка“ можете да ја погледнете утре во 15:30 часот на телевизија Алфа.