Вечерва нешто пред 20 часот имаше голем пожар во бањата во Бездан кај Сомбор.

Противпожарните екипи и полицијата се на терен. Пожарот се издига неколку метри во височина.

Пожарот во бањата Бездан бил пријавен околу 19 часот.

Персоналот и пациентите се евакуирани навреме и според првичните информации нема жртви или повредени, јавува Блиц.

Според првичните информации, зафатен е голем дел од објектот, како и кровната конструкција, а пожарот наводно настанал во кинезитерапијата и брзо се проширил. Никој не е повреден.