Телевизија Алсат објави ексклузивна видеоснимка од сигурносните камери на некој од објектите во близина на местото каде што вчера се случи сообраќајната несреќа во с. Батинци.

Имено, како што извести Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила помеѓу патничко возило „шкода октавија”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Р. (49) од с. Батинци и патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х. (26) од с. Батинци.

По несреќата Н.Р. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде била констатирана смрт. А.Х. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.