Страшно злосторство се случи синоќа во селото Горња Трнава кај српскиот град Топола. Маж (33) го убил сопствениот брат (30) додека спиел.

Според неофицијални информации, осомничениот го нападнал својот брат со ногарка од маса додека спиел и го претепал до смрт.

Мотивот за убиството се нарушени семејни односи. Станува збор за двајца браќа, Слободан А.(33) и Никола А.(30).

Имено, Слободан и Никола наводно прво заедно пиеле, па потоа се скарале. Никола потоа отишол да спие, а Слободан го тепал со ногарка од маса додека не умрел.

Според првите информации, двајцата „цел живот“ се карале и се тепале постојано.

Осомничениот по злосторството повикал полиција, пријавил дека го убил својот брат и чекал да пристигне патролата во дворот од семејната куќа.